Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Меч на денот: Јувентус против Лацио, Роналдо против Милинковиќ – Савиќ

Со дерби се отвора второто коло во Серија А

Јувентус во Торино го пречекува секогаш амбициозниот Лацио, во рамките од второто коло во Серија А. „Старата дама“ посакува нов триумф на стартот од шампионатот, откако во првото коло издвои победа од 2-3 против Киево во судиското надополнување.
„Лацијалите“ повторно се наоѓаат пред тежок предизвик, поточно најтешкиот во Италија. Гостуваат кај актуелниот италијански првак и тоа во лошо расположение, по поразот од Наполи со 1-2 во Рим. Меѓутоа, Лацио по добро го памети последното гостување кај Јуве, односно триумф од 1-2 при два гола на Имобиле.

Погледите ќе бидат свртени кон уште еден посебен дуел на теренот. Кристијано Роналдо против Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Повеќекратниот најдобар фудбалер во светот против најпосакуваниот играч во Европа во моментов. Сите очекуваат Роналдо конечно да го постигне дебитансткиот погодок за Јуве, и ќе има огромна поддршка од трибините, додека СМС ќе мора да докаже дека навистина вреди за сумите кои се споменуваа во последниве неколку недели.

Натпреварот започнува во 18:00 часот, а ние ви нудиме 1.40 квота за „кец“ на Јувентус, „двојката“ за Лацио е 8.50, а за евентуално реми квотата гласи 4.70.

Јувентус, Лацио, Серија А, меч на денот, фудбал

Најнови вести