Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Милан „му го крши филмот“ на Кристијано Роналдо

Португалецот барал од Јуве да го купи СМС, но тој веројатно оди кај „росонерите“

Кристијано Роналдо побарал од челниците на Јувентус да го ангажираат српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но како што стојат работите, таа желба на Португалецот нема да му биде исполнета бидејќи популарниот СМС е на чекор од трансфер во Милан.

Лацио бара огромна сума како оштета за Милинковиќ-Савиќ, а во Јуве не се расположени да платат повеќе отколку што платија за најдобриот светски фудбалер. Затоа, пак, од Милан би ја платиле „слободата“ на Сергеј и, според српски новинар, работата е 99 проценти завршена. 

Преодниот рок во Италија завршува на 17-ти август, па иднината на Србинот ќе се знае најмногу за 72 часа. 
Интерес за него имаше и од Реал Мадрид, но и за нив е прескап. Новинарот Милош Топаловиќ тврди дека Сергеј денеска или утре дефинитивно заминува во Милан, а Лацио ќе добие 100 милиони евра. Наводно, 40 милиони ќе се платат веднаш, 55 милиони следното лето, а сега Лацио ќе добие и еден играч на Милан (веројатно Бонавентура).

 

Најнови вести