Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Само двајца играле и со Меси и со Роналдо на клупско ниво

Кога се работи за клуб и за репрезентација, листата е поголема

Честа да бидат во ист тим со двајцата најдобри фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо ја имале само двајца играчи. Шанса да ја делат соблекувалната со виртуозите на фудбалот кои имаат освоено по рекорди пет „Златни топки“ се само Жерар Пике и Хенрик Ларсон. 
Стоперот на Барселона, Пике, веќе со години е дел од Барселона, каде заедно со Меси во тимот ги има освоено сите најзначајни трофеи на клупско ниво. Сепак, пред да заигра во Барселона, Пике беше дел од Манчестер Јунајтед и тоа во периодот од 2004 до 2009 година, каде работеше и играше заедно со Кристијано Роналдо. Во 2009 година, Пике се врати во својот матичен клуб Барселона, а Роналдо се пресели во Реал Мадрид. 
Втор кој ја имал таа чест да биде во ист тим и со Меси и со Роналдо е легендарниот шведски напаѓач Хенрик Ларсон. Играчот кој оддамна е во пензија беше и во Барселона и во Манчестер Јунајтед. 
Како играч на Барселона во периодот од 2004 до 2006 година, беше сведок на тоа како Меси се развива во еден од најдобрите на сите времиња. Во 2007 година замина во Манчестер Јунајтед, каде беше сведок на најдобрата сезона која Роналдо ја одигра во дресот на „црвените ѓаволи“.
Кога се работи за играње со двајцата најдобри фудбалери на денешницата, но се комбинира клуб и репрезентација, тогаш листата е поголема, а на нејзе се: Габриел Хајнце, Карлос Тевез, Езакиел Гарај, Фернандо Гаго, Гонзало Игуаин, Анхел ди Марија, Пауло Дибала (треба да заигра со Роналдо во Јувентус), Деко, Андрес Гомес и Нелсон Самедо.

 

Најнови вести