Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Роналдо во Јувентус кани уште еден играч на Реал

Кристијано сака да има некој со кој добро се разбира од порано

Јувентус најави дека повеќе нема да купува нови играчи во летниот преоден рок. Сепак и тоа може да има измени, доколку тоа го побара Кристијано Роналдо. Најголемата ѕвезда во Серија А, коај неодамна потпиша за „старата дама“, може да има интересно барање. 
Роналдо најавил дека би сакал покрај себа на теренот да го има и бразилецот Марсело. Тоа е играчот со кој долги години беа соиграчи во Реал Мадрид и со кого одлично соработувал. 
Шпекулациите се дека Португалецот разговарал со Марсело и го наговара да направи трансфер во Јувентус. Бразилецот не само што одлично си ја врши работата во дефанзива, многу често е и во нападот, каде бил од голема помош на Кристијано Роналдо. 

 

Најнови вести