Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Додека Кристијано сонува за гол за Јуве, син му во дебито даде четири погодоци

Роналдо Џуниор е во дресот на „старата дама“ за деца до девет години

По три одиграни меча во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо уште не може да се израдува на дебитантскиот гол за најтрофејниот тим во Италија. Роналдо досега има упатено дури 23 удари кон противничките голови, но никако да го најде патот до мрежата. 
Ако на таткото не му иде, работата ја поправа синот, Роналдо Џуниор. Во лигата за деца до девет години, синот на Кристијано блесна во дебито и даде дури четири гола, а Јувентус славеше со 5:1 против Луцент. 
Иако нема ни 10 години, синот на Кристијано покажува дека дефинитивно е тргнат по стапките на својот татко. Уште од најрана возраст, синот на Португалецот е под постојани тренинзи и фитнес подготовки. Според покажаното на дебито за Јувентус, тимот на „старта дама“ за деца до 9 години, дефинитивно доби големо засилување. 
Сега останува уште и Кристијано да се врати во голгетерски ритам и да ги израдува фановите на Јувентус. 

 

Најнови вести