Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Oфицијално: Клаудио Маркисио две години во Зенит

Ексфудбалерот на Јувентус кариерата ја продолжува во Русија

Клаудио Маркисио официјално е нов член на Зенит Санкт Петербург. Италијанецот потпиша двегодишен договор со рускиот гигант. Маркисио доаѓа како слободен играч откако летово ја прекина долгогодишната соработка со Јувентус.
Искусниот италијански фудбалер за врска ќе биде големо засилување на екипата која ја води Сергеј Семак во обидот повторно да се вратат на врвот на рускиот фудбал.

За Маркисио и Монако покажа интерес, но очигледно Зенит понуди подобри услови штом фудбалерот одби да игра во тим кој настапува во Лигата на шампионите.

Од неодамна се раздели со Јувентус, каде што ги помина изминативе 25 години. Со „старата дама“ седум пати беше шампион на Италија, додека два пати го освојуваше италијанскиот Куп. Маркисио играше и две финалиња во Лигата на шампионите, кои ги загуби од Барселона, односно од Реал Мадрид.

Најнови вести