Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Од Барса презентираа факти зошто Меси требало да е играч на годината

Аргентинецот за прв пат по 11 години го нема во Топ 3 во изборот на ФИФА

Лионел Меси не е меѓу најдобрите тројца фудбалери во светот, во изборот на ФИФА. Ова стана јасно по вчерашниот список на кој се најдоа Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах. За прв пат по 11 години, Меси го нема во трката за оваа престижна поединечна награда која ја доделува Светската фудбалска федерација.
Откако стана јасно дека Меси нема да се трка за наградата, веднаш се побунија од Барселона како може да помине овој избор без Лионел. За тоа каков бил ефектот на Меси во минатата сезона, од каталонскиот гигант решија да презентираат неколку факти. 
Според индивидуалните постигнувања во сезоната, Меси е подобар од сите тројца кои се во потесниот избор. Барселона со Меси стана првак во Примера дивисион, а ја освои и титулата во Купот на Шпанија. Аргентинецот ја освои Златната копачка, а во Примера дивисион постигна најмногу голови, имаше најмногу асистенции, создаде најмногу шанси за гол и даде најмногу погодоци од слободен удар. 
„Нема сомнеж за навивачите на Барселона. Тој е најдобар и точка“, порачаа од Барселона по презентацијата на овие факти за ефектот кој Меси го имаше во ланската сезона. Лео на крајот заврши со 45 голови и 18 асистенции, но тоа не е доволно да е во Топ 3 според ФИФА.

 

Најнови вести