Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Модриќ го доби тоа што го бараше

Хрватот ќе добие зголемување на платата и ќе продолжи да игра за европскиот првак

Лука Модриќ останува во Реал Мадрид, а клубот му вети поголема плата од досегашната, па така сега двете страни се задоволни. После Светското првенство на кое Хрватот беше прогласен за најкорисен играч, убава понуда за него дојде од италијанскиот Интер, самиот играч беше привлечен од понудата, но сепак, на крај, реши да не ја менува средината. 
Модриќ од вчера почна да тренира со тимот на Реал, а денеска на социјалните мрежи објави фотографија под која напиша „Се вратив на работа“. 
Шпекулациите дека е блиску до заминување во Интер, беа од италијанските и шпанските медиуми, но од Реал цело време тврдеа дека ќе сторат сè што треба за да го задржат својот „мотор“ и клучен играч во средниот ред. Штом Модриќ одлучи да остане, тоа значи дека добил уверување од претседателот Флорентино Перез, дека ќе му биде зголемена платата. 
Бејл зема 11 милиони евра годишно (нето плата), следува Рамос со 10, па Крос и Бензема со по 8,5 милиони, а Модриќ има уште две години договор и 6,5 милиони по сезона. Со новиот договор, Модриќ ќе добива иста плата како капитенот Серхио Рамос. 

 

Најнови вести