Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

УЕФА повторно ја празни касата на Црвена ѕвезда

Српскиот првак е казнет со 57.000 евра поради фрлање тврди предмети на мечот против Спартак Трнава

Црвена ѕвезда повторно доби „честитка“ од европската Куќа на фудбалот. Во период кога управата на српсиот шампион се надева дека казната од УЕФА од два меча во европските натпреварувања без публика ќе им биде намалена на еден, „црвено-белите“ ќе мора одново да исплатат одредена сума пари за инцидентите кои ги направија навивачите за време на натпреварот против Спартак Трнава во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Овој пат станува збор за казна од 57.000 евра, а според српските медиуми, Ѕвезда добро поминала со оглед на фактот дека се под посебен мониторинг и условна казна од страна на УЕФА. Казната е поради фрлање тврди предмети од страна на навивачите кон фудбалерите на Трнава.

Црвена ѕвезда во среда го игра реваншот против Ред Бул Салцбург за влез во групната фаза во Лигата на шампионите, а во истиот ден ќе ја дознаат и одлуката од УЕФА, односно дали нивната жалба за намалување на натпреварите без публика ќе биде успешна.

Најнови вести