Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Два меча и 210 минути без голови – Пеналите му донесоа среќа на Копенхаген

По два меча без голови, пенал-рулетот му се насмевна на данскиот првак ФК Копенхаген, екипата што ја елиминира Аталанта по удари од белата точка и ќе игра во Лигата на Европа

По 210 минути игра на двомечот меѓу данскиот првак ФК Копенхаген и Аталанта од Бергамо, немаше голови, а пеналите му донесоа среќа на аутсајдерот. Копенхаген ќе игра во Лигата на Европа, а неговите играчи беа посреќни и поумешни во пенал-серијата.
За данскиот првак погодија Сотириу, Грегус, Сков и Вавро, а промаши само Н`Доје.
Интересно е што клучниот пенал што ја елиминира Аталанта го промаши Корнелиус, поранешен играч на Копенхаген.
Де Рун, Аднан и Масиело погодија за тимот од Бергамо, а покрај Корнелиус промаши и Гомез.

 

Најнови вести