Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Рома и Аталанта приредија спектакл на „Олимпико“

Двата тима можеа да победат, но ќе мора да се задоволат со по еден бод

Екипите на Рома и Аталанта им приредија многу возбуда и различни емоции на своите фанови во вечерашните 3-3 за 90 минути игра на римски „Олимпико“. 
Дека ќе биде интересен меч, најави Аргентинецот Пасторе со спектакуларен гол со пета уште во втората минута. Но, ова рано водство како да ја заспа „римската волчица“, па се опуштија, а опасните гости од Бергамо се разиграа и постигнаа три гола по ред, за водство од 3-1 по првите 45 минути. 
Рома се освести од шокот, па со головите на Флоренци во 60-тата, и Манолас во 82-рата минута го израмнија резултатот. До крајот не падна гол, двата тима освоија по еден тешко освоен бод, но можат да жалат што не освоија три. 
Аталанта имаше прилика првпат по 10 години да врзе две победи во првите две кола од Серија А, но не успеа да издржи десет минути. И за Рома продолжи една непријатна традиција. Рома не знае за победа дома над Аталанта од 2014 наваму (три нерешени и два порази). 
Откако Рома и Аталанта одиграа нерешено, сега по две кола, по 6 бода имаат само Јувентус, Наполи и Спал. 

 

Најнови вести