Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Романистите очекуваат овации од Мадрид за Манолас

Секој што е непријател на Барселона, од летово е пријател на Рома

Кога се дозна дека Реал Мадрид ќе биде еден од ривалите на Рома во Лигата на шампионите, на „Твитер“ од римскиот клуб се пошегуваа дека очекуваат Гркот Манолас да добие стоечки овации од навивачите на Реал. 

Рома во минатата сезона ја елиминираше Барселона во четврт-финалето на ЛШ, а голот за триумф од 3-0 го постигна Манолас. Тогаш славеа и фановите на Рома, но и на Реал, кои ја мразат Барселона. Летово анимозитетот на Рома и Барса се зголеми откако Kаталонците им го „украдоа“ бразилскиот фудбалер Малком, кој беше договорен со „римската волчица“, но во последен момент ги одби и прејде во Барселона. 

Затоа сега од Рома наоѓаат разни начини како да ја „боцнат“ Барса, а добро беа расположени кога дознаа дека ќе играат со актуелниот европски првак, плус ЦСКА Москва и Викторија П'лзењ. 

„Очекуваме Манолас да добие овации кога ќе гостуваме на Сантијаго Бернабеу“, напишаа од Рома и објавија клип од голот со кој Гркот ја шокираше Барса и погоди за надоместување на негативата од 1-4 од првиот меч. 

 

Најнови вести