Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2018

Мончи се закани: Си одам ако го смените Ди Франческо

Еден од најдобрите фудбалски скаути на планетата, Рамон Родригес Вердехо, или само Мончи, се закани со заминување од Рома.

Мончи ќе си замине од Рома ако раководството на „римската волчица“ го отпушти тренерот Еузебио ди Франческо, објавија италијанските медиуми.

Еден од најбараните фудбалски скаути, сега во улога на спортски директор на Рома, се закани со заминување ако биде сменет тренерот.

Рома игра слабо во последно време, има низа од пет меча без победа, па, очекувано, на удар е тренерот. Утре е првата „топка“ за спас на Ди Франческо, а Рома мора да го победи Фрозиноне. По тој дуел, следи вечното римско дерби со Лацио, а и тој меч е „да се биде или не“ за тренерот на Рома.

Мончи е еден од најбараните фудбалски скаути, а за него се интересираат Манчестер јунајтед, Наполи и уште неколку познати клубови.

Најнови вести