Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

И Гранит Џака се сели во Италија?

Интерес за швајцарскиот репрезентативец има од Рома

Според италијанскиот весник „Ил Темпо“, нова мета на Рома е фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака. 
Спортскиот директор на „волчицата“, Шпанецот Мончи, јасно стави до знаење дека Стивен Нзонзи не е единствениот играч за врска за кој се интересира клубот, а обелоденето е дека Рома во своите редови би го посакала и Џака. Не се знае дали Арсенал ќе сака да разговара со заинтересираните страни, но Мончи веќе воспоставил некои контакти, за да има што подобра почетна позиција при евентуалниот „напад“ по Џака. 
Џака во Лондон дојде во 2016 година од Борусија Менхенгладбах, и играше по системот „топло-ладно“, па фановите на „топчиите“ и не се премногу воодушевени од него. Главниот збор дали Арсенал ќе разговара за ослободување на Џака, ќе го има тренерот Унаи Емери. Тој треба да процени дали Џака има место во неговите планови за претстојната сезона во Премиерлигата, која стартува следниот викенд. 

 

Најнови вести