Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Конечно и нешто добро за Арсенал – Капитенот Косељни почна да тренира

Унаи Емери конечно има барем малку причина за задоволство откако стоперот Лоран Косељни побрзо од очекувањата се врати на тренинзите на Арсенал

Одбраната на Арсенал игра лошо, а стартот на Премиер лигата откри многу слабости во дефанзивата на „топчиите“, кои почнаа лошо со два порази. И со пет примени голови на два меча, па камбекот на Лоран Косељни, кој веќе тренира, ги врати барем малку насмевките во Арсенал. 
Францускиот стопер ја скина Ахиловата тетива во финишот на ланската сезона, не играше за светскиот првак Франција на Мундијалот во Русија и според најавите, требаше долго да паузира. Неочекувано, сепак се врати на тренинзите на „топчиите“, кои очајно го очекуваат неговото комплетно враќање на теренот.
„Многу сме среќни што капитенот е со нас на теренот. Одлично напредува, иако повредата е сериозна и бара да бидеме трпеливи. Се надевам дека наскоро Лоран ќе почне и да игра, но нема да форсираме“, изјави Емери.
Арсенал по 27 години, го има најлошиот старт во Премиер лигата - со два порази на првите два меча. Во сезоната 2001/02 беа забележани два стартни порази од Норвич и Блекбурн.

 

Најнови вести