Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Незгодно за голман, Илиев во меч за паметење прими шест гола, Манчестер сити го победи Арсенал со 6:5

Дејан Илиев беше на голот на младинците на Арсенал, кои одиграа меч за паметење со големиот ривал Манчестер сити, а дуелот заврши со неверојатен резултат, 6:5 за популарните „граѓани“

Илиев летово го продолжи договорот со еден од најдобрите англиски клубови, а денеска бранеше за Арсенал во Лигата за младинци и прими шест гола на премиерата. Вакви дуели со 11 голови се ретки, а потенцијалниот македонски репрезентативец имаше лош старт. Резултатот често се менуваше. Поведе Манчестер сити, потоа следеа три голови во низа за Арсенал за пресврт и предност од 1:3 за гостите. Домаќините израмнија на 3:3, потоа Арсенал погоди и оттогаш младинците на Сити ја презедоа иницијативата. Поведоа со 5:4, а на крајот иако Арсенал израмни на 5:5, победија со 6:5. Неверојатен меч со неверојатен резултат и дури 11 голови. Двете екипи во младинска конкуренција и лани во август одиграа трилер меч, кој во Лондон го добија талентите на Арсенал со 4:3.

 

Најнови вести