Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Гвардиола го „пикира“ следното зимско засилување за Сити: 60 милиони фунти за фудбалер на Вулверхемптон

Шпанскиот стратег не може да се помири со одлуката на Жоржињо да се пресели на „Стемфорд бриџ“ наместо на „Етихад“, па тргнува во „лов“ на нов наследник на Фернандињо

Манчестер сити не беше премногу активен во летниот преоден рок. Тимот го засили само Ријад Марез, додека очекуваното засилување од Наполи, Италијанецот Жоржињо одлучи да игра за Челзи кај својот тренер Маурисио Сари и ги извиси „граѓаните“ во последен момент.

Пеп Гвардиола остана без играч кој треба да ја наследи позицијата на веќе искусниот Фернандињо, па токму затоа го таргетира Рубен Невеш, фудбалерот за врска на Вулверхемптон. 

Англиските медиуми тврдат дека Сити ќе понуди 60 милиони фунти за Португалецот во зимскиот преоден рок, откако Невеш импресионираше со своите настапи за „волците“ и им помогна да се вратат во елитата оваа сезона. Невеш одлично ја започна и оваа сезона, со гол од слободен удар и асистенција на првиот меч против Евертон во ремито од 2-2, и покрај тоа што има само 21 години, тој веќе е носител на екипата која ја предводи Нуно Еспирито Санто.

 

Најнови вести