Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2018

Де Бројне назад на тренинг по два месеци пауза

Белгиецот закрепна од тешката повреда на коленото која ја заработи во август.

Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бројне, по два месеци се врати на тренинзите со првиот тим. Белгиецот не беше достапен за Пеп Гвардиола уште од стартот на сезоната, откако ги оштети лигаментите на коленото во август.

Иако според првичните информации Де Бројне требаше да паузира најмалку три месеци, тој се рехабилитираше побрзо од очекуваното, па во најскоро време се очекува да му биде на располагање на шпанскиот стратег. Белгиецот не патуваше со останатите играчи за утрешното гостување кај Хофенхајм во Лигата на шампионите, засега не е познато дали ќе биде во можност да се подготви за дербито со Ливерпул во недела, а Пеп очекува од него да се врати во составот веќе за дуелот против Тотенхем, мечот кој ќе се игра кон крајот на октомври, по завршувањето на репрезентативната пауза.

Гвардиола имаше други грижи пред мечот со Хофенхајм, Агуеро се здоби со мала повреда изминатиов викенд во победата над Брајтон, но Аргентинецот, исто така, тренираше со тимот пред заминувањето за Германија, па се очекува утре да настапи против екипата која ја води Јулијан Нагелсман.

Најнови вести