Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Проблем за Манчестер сити

Де Бројне го повреди коленото и нема да игра од два до три месеци

Кевин Де Бројне, белгискиот фудбалер на Манчестер сити, го повреди коленото на тренинг и стравувањата се дека му претстои подолга пауза. Англиските шампиони денеска имаа тренинг, а 27-годишниот Белгиец, кој им е важен играч, веќе носи патерици, а медиумите шпекулираат дека нема да може да игра во следните два до три месеци. 
Станува збор за повреда на страничните лигаменти во коленото, а точната дијагноза ќе се утврди до крајот на неделава. Кевин и во 2016 година имаше повреда на коленото, која тогаш од зелениот терен го оддалечи девет недели. Во отсуство на Де Бројне, работата во средниот ред ќе ја вршат Давид и Бернандо Силва, Илкај Гундоган и Фил Фоден. 
Клубот наскоро ќе прави тестови на теренот за тренинг, а резултатите ќе ги види и шпанскиот специјалист кој ги лечи најголем дел од повредените играчи на Сити, па и тој да даде мислење дали теренот е виновен за повредите.  

 

Најнови вести