Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Џо Харт ќе го брани голот на Барнли

Поранешниот англиски репрезентативец по цели 12 години го напушти Манчерстер сити

Џо Харт конечно си најде нова средина по две неуспешни позајмици во Торино и Вест хем, ќе брани за Барнли, кој сезонава се бори за настап во групната фаза во Лигата на Европа.
Премиерлигашот плати отштета од 3,5 милиони фунти за услугите на Харт, кој пак го решава проблемот на Барнли со повредите на двајцата голмани Том Хитон и Ник Поуп.

Англичанецот настапи на само еден натпревар за „граѓаните“ откако екипата ја презеде Пеп Гвардиола, по што следуваа две позајмици во Торино, односно Вест хем. Од Сити се простува со две освоени титули во првенството, како и три купови.

Најнови вести