Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2018

Де Бројне ќе игра против Ливерпул?

Белгиецот се врати на тренинг пред неколку дена, се очекуваше негово враќање на терените дури за два или три меча.

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на денешната прес-конференција во пресрет на дербито против Ливерпул посочи дека е можно да му даде шанса на Кевин де Бројне. Белгиската ѕвезда во редовите на „граѓаните“ беше повреден два месеци, на тренинзите со првиот тим се врати пред неколку дена, а негов „кам-бек“ на терените се очекуваше дури за два или три меча. Сепак, шпанскиот стратег истакна дека неговиот играч за врска прави напори да биде на располагање дури во недела.

„Кевин тренираше со првиот тим, издржа цела сесија, дури и одигра тренинг-меч со останатите. Мислам дека ќе биде во конкуренција за настап, но дури утре ќе одлучиме со мојот стручен тим дали ќе игра, односно дали ќе има потреба да истрча на теренот“, изјави Гвардиола.

Шпанецот, исто така, додаде дека и Бенџамин Менди ќе биде во конкуренција откако бекот закрепнуваше од повреда на стопалото во претходниот месец, додека нема да смета на Фабијан Делф и Илкај Гундоган.

Дербито Ливерпул – Манчестер сити се игра во недела на „Енфилд роуд“, во терминот од 17.30 часот.

Најнови вести