Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Ливерпул ангажираше гинисов рекордер

Данецот Томас Гронемарк е човек кој кога изведува аут, топката може да ја фрли над 50 метри

Нов член на стручниот штаб на Ливерпул е Томас Гронемарк, 42-годишниот дански мајстор за изведување аути. Со овој потег, Ливерпул стана цел на потсмев кај англиските медиуми, но тренерот Јирген Клоп проценил дека ќе има полза од Гронемарк. 
Гронемарк го држи Гинисовиот рекорд за најдолг лет на топка по изведен аут. Тој во 2010 година, со своите раце успеа фудбалската топка да ја фрли неверојатни 51,33 метри, и тоа е запишано во книгата на рекорди. 
Ливерпул, кој е меѓу кандидатите за титула во Премиер лигата, веројатно ќе се обиде да биде опасен и при изведувањето секакви прекини, па дури и аутите на противничката половина да бидат како корнери. 
Во просек, тимовите изведуваат 40-50 аути во текот на еден меч. Најголемиот дел од фудбалерите при изведување аут, ја фрлаат топката 5-10 метри, но некои кои се добро истренирани, успеваат да фрлат и до 35 метри. 

 

Најнови вести