Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Клоп потроши 200 милиони евра, па вели: Не сакам многу да трошам

Ливерпул е лидер по првото коло во Премиер лигата

Убедливата победа од 4-0 против Вест хем го одведе Ливерпул на првото место на табелата во Премиер лигата, по стартното коло во новото првенство. Тренерот Јирген Клоп може да биде презадоволен од тоа како започнаа неговите играчи, но треба да продолжат со исто темпо и во следните средби. 
Ливерпул беше најактивен тим во летниот преоден рок и потроши најмногу. Дури 200 милиони евра беа дадени за доведување нови играчи. И покрај овој факт дека потрошиле најмногу, германскиот стратег на чело на тимот вели дека не сакал многу да троши. 
„И понатаму не сакам да трошам многу пари, но не можам да кажам дека нема да го правиме тоа, бидејќи моја цел е да го направам Ливерпул да биде што е можно посилен. Кога ќе се додадат и некои од претходните преодни периоди, ќе видите дека ние уште многу заостануваме зад ривалите. Сега имаме квалитетни играчи и треба да создадеме квалитетен тим“, вели Клоп.
На „Енфилд роуд“ веруваат дека ова може да биде историска сезона за нив во Премиер лигата и да стигнат до првата титула по пауза од речиси 30 години.

 

Најнови вести