Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Ливерпул во клубот „500“: Четврти премиерлигаш кој стигнал до 500 победи

„Црвените“ со вчерашниот триумф над Вест хем влегоа во историјата на Премиер лигата

Ливерпул триумфално тргна во новата сезона во Премиер лигата. Со убедливата победа од 4:0 над Вест хем, тимот на Јирген Клоп влезе во историјата на најсилното англиско натпреварување. 

„Црвените“ се само четвртата екипа која забележала 500 или повеќе победи. Пред нив се Челзи со 538 победи, Арсенал со 544 и Манчестер јунајтед со 630 победи. Иако овој податок доволно говори дека се работи за една од најдобрите екипи во Англија, Ливерпул сè уште чека на првата титула во шампионатот откако се игра во Премиер лига форматот, поточно 28 години.


 

Најнови вести