Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Роднина на газдата на Сити сакал да го купи Ливерпул, Американците одбиле рекордна понуда

Братучедот на шеикот Мансур, шеик Калед, се обидел да го откупи Ливерпул кон крајот на 2017 година

Управата на Ливепрул е во потрага по инвеститори, но по никоја цена не сакаат во целост да гo продадат клубот, туку бараат корпорација која би откупила мал дел од акциите.

Кон крајот на 2017 година на сопствениците на клубот од Мерсисајд им стигнала „непристојна“ понуда од две милијарди фунти за сите 100% од акциите, токму од братучедот на шеикот Мансур. Меѓутоа сопствениците Томас Вернер и Џон Хенри, без размислување ја одбиле понудата.

Доколку се случеше оваа продажба, ќе беше апсолутен рекорд при купување на еден спортски клуб. Засега тој рекорд останува кај Манчестер јунајтед, односно семејството Глејзер, кои ги купија „црвените ѓаволи“ во 2005 година за сума од 790 милиони фунти.

Раководството на Ливерпул денес ги демантираше сите шпекулации околу евентуалната продажба, потенцирајќи дека бараат инвеститор кој ќе има мал придонес кон развојот на Ливерпул. Фенвеј спортс групацијата го купи Ливерпул во 2010 година за 300 милиони фунти, додека истите се сопственици на бејзбол тимот Бостон ред сокс.

Најнови вести