03.9.2018 Олимпијакос доби големо засилување
Некогашниот капитен на Манчестер сити се пресели во Атина
Јаја Туре е нов играч на Олимпијакос. Грчкиот гигант успеа да го добие потписот на некогашниот капитен на Манчестер сити. Туре, кој има 35 години, ги помина лекарските прегледи и беше промовиран како нов играч на тимот од Атина.
Фановите на Олимпијакос со воодушевување го поздравија нивниот миленик. Интересно е тоа што Туре веќе знае како е да се игра во Олимпијакос. Во сезоната 2005/06 го носеше дресот на атинскиот гигант, кога одигра 20 меча во грчкото првенство, а даде и три гола.
Враќањето во „црвено-белиот“ дрес може да го има на дербито од Лигата на Европа, кога противник ќе им биде Милан.
Туре игра на позицијата централен дефанзивец. Во врвен играч се промовираше во дресот на Манчестер сити, кој го носеше во периодот од 2010 до 2018 година. Туре претходно во Европа има играно и за Барселона, Монако и Металург Донецк.