Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Сити може да доведе голман од Барселона

Гвардиола бара замена за повредениот Клаудио Браво

Актуелниот англиски првак Манчестер сити има нови проблеми. На еден од последните тренинзи на „граѓаните“ се повреди голманот Клаудио Браво. Чилеанскиот репрезентативец заработи повреда на Ахиловата тетива и според лекарските прогнози, ќе отсуствува во следните шест месеци. 
Браво е втора опција за голот на Сити, бидејќи е замена за Едерсон Мораес, кој ја има улогата на прв чувар на мрежата, а Браво е резерва. Сепак, со повредата на Клаудио, доколку Едерсон нема да може да брани, одговорноста ќе падне врз младиот 20-годишен неискусен Даниел Гримшоу. 
За да не дојде во ситуација голот да му биде доверен на Гримшоу, Сити веднаш започна акција за пронаоѓање нов голман. Според најавите, можно е под наем да биде доведен Јаспер Силесен од Манчестер сити. Во Англија заврши преодниот рок, но според правилата, клуб има право да купи нов играч или да го донесе под нае, доколку се работи за потешка повреда на некој од оние кои ги има во составот, како што е случајот со Браво. 
Повредата на Браво е втор голем малер за англискиот шампион, ако се знае дека само пред неколку дена беше потврдено дека на тренинг се повреди Кевин де Бројне и дека ќе паузира три месеци. 

 

Најнови вести