06.8.2018 Неверојатно: Гвардиола освојува трофеј на секои 22 меча
Шпанскиот стратег веќе има 24 пехари во својата тренерска кариера
Шпанскиот тренер
Пеп Гвардиола уште еднаш покажа дека е „магнет“ за освојување трофеи. Уште на
стартот на новата сезона, Гвардиола се радуваше на пехар со Манчестер Сити.
„Граѓаните“ го освоија Комјунити Шилд трофејот, откако во финалето со 2:0 го
победи Челзи.
Со овој успех,
Гвардиола го продолжи неверојатниот тренд. За 10 години тренерска работа, во
Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, на клупата седел на 523 средби, а се
израдувал на 24 трофеи. Тоа значи дека во просек Пеп освојува по еден пехар на
секои 22 меча.
Најдобра му е
кариерата помината во Барселона. Со каталонскиот гигант има 14 пехари, потоа со
Баерн се радувал 7 пати, а три пати високо ги кревал рацете со Манчестер Сити.
Од тие 24 трофеи:
3 се во Примера дивисион, три во Бундеслигата, еден во Премиерлигата, 2 во
Лигата на шампионите, 3 во Суперкупот на Европа, 3 на Светското клупско
првенство, и девет национални Купа во првенствата каде што бил тренер.