Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Аргентинците го сакаат Гвардиола за нов селектор, но џебот не им е доволно „длабок“

Претседателот на аргентинската фудбалска репрезентација истакна дека се обидел да го ангажира Пеп Гвардиола за нов селектор на репрезентацијата, но, проблемот бил во финансиите

Фудбалската федерација на Аргентина контактирала со претставници на Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, околу евентуален ангажман на шпанскиот стратег, но според претседателот Kлаудио Тапија, шансите за да се случи такво нешто се речиси невозможни. Главен проблем се парите, федерацијта едноставно нема толку средства да го плати Гвардиола, особено по отказот на Сампаоли кој си замина со 13 милиони евра отштета.

„Точно е дека се обидовме да го ангажираме Гвардиола, но, тој е невозможна мисија за нас. Едноставно не сме доволно финансиски моќни, потребен ни е многу „длабок“ џеб за да ја реализираме таа соработка“, истакна Тапија.

Првиот човек на аргентинската федерација додаде дека ќе се обиде да контактира со најдобрите аргентински тренери, оние кои се на располагање и кои веќе имаат клупски ангажман, а први на листата се Диего Симеоне од Атлетико Мадрид и Маурисио Покетино од Тотенхем.


 

Најнови вести