Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Големиот Сем ги знае причините за поразот на Арсенал: Емери беше загубен

Сем Алардајс без влакно на јазикот го критикуваше новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери и го посочи како главен виновник за лошата игра и поразот од шампионот Манчестер сити

Манчестер сити лесно го доби дербито со Арсенал и победи со 2:0 во Лондон на премиерата од Премиерлигата во Англија. Гостите беа многу подобри, а легендарниот менаџер Сем Алардајс ги знае причините за поразот на „топчиите“.
„Емери комплетно ја промаши тактиката. Не се снајде во првиот меч во Англија. Не можете да играте споро и со комбинации во дефанзивата против Манчестер сити. Шампионот со пресинг го притискаше последниот ред во одбраната на Арсенал што се покажа како добитна комбинација. Емери ќе мора да менува многу работи, бидејќи Арсенал има многу поголем потенцијал, од тоа што го прикажа во првото коло“, вели големиот Сем.
Алардајс е познат во Англија по критичкиот однос, а честопати без компромис јавно ги кажува работите поврзани со англиските клубови и федерација.

 

Најнови вести