Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Пеколен финиш на „Сент Џејмс Парк“ и победа на Челзи

Драматичен финиш имаше на мечот меѓу Њукасл и Челзи, во последните петнаесеттина минути „паднаа“ три гола за победа на гостите од Лондон

Челзи го победи Њукасл во денешното дерби од третото коло во Премиерлигата, а одлуката падна во финишот на мечот. Сите три голови за триумф на Челзи од 2:1 беа постигнати во последниот дел од мечот.
Најпрво Еден Азар беше прецизен од пенал во 76. минута, потоа Жоселу израмни во 83. минута, а несреќниот автогол на Једлин три минути подоцна му донесе победа на Челзи. 
Уште еден тим од Лондон, Фулам, денеска попладне освои бодови. На „Кревен Котиџ“ домаќините го победија Барнли со 4:2. Сери и Ширле постигнаа по еден гол за Фулам, двоен стрелец беше Митровиќ, а за гостите прецизни беа Хендрик и Тарковски. Претходно, денеска во лондонското дерби Ватфорд го победи Кристал Палас со 2:1.

 

Најнови вести