Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Мурињо на излезна врата, фаворит да го замени Антонио Конте!?

Квотата за Антонио Конте да биде нов предводник на Манчестер јунајтед значително се намали во Англија

Проблемите во таборот на Манчестер јунајтед од ден во ден ги има сѐ повеќе, медиумите од Островот веќе му ја покажаа излезната врата на Жозе Мурињо, а неговата потенцијална замена доаѓа како големо изненадување.

Имено, фаворит за да го смени Португалецот е, ни помалку ни повеќе, туку ексменаџерот на Челзи, Антонио Конте. Италијанецот, кој им ја донесе шампионската титула на „сините“ во сезоната 2016/2017, би можел да тргне токму по стапките на неговиот колега, да ги преземе „црвените ѓаволи“, ривалот на Челзи во трката за титулата во Англија, како што го направи тоа Мурињо во 2016 година.

Една од причините зошто оваа замена би можела да се случи е поради соработката на Конте и Погба во Јувентус. Доколку челниците покажат поголема доверба во Французинот отколку во нивниот менаџер, Конте би бил идеален бидејќи знае да го истакне најдоброто од Погба. Впрочем, италијанскиот стратег го доведе Погба во редовите на „старата дама“.

Најнови вести