Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2018

Дали Погба во Манчестер го направи тоа што и Меси со Аргентина?

Англиските медиуми пренесуваат дека Французнот е најзаслужен за победата над Њукасл, а не тренерот Мурињо.

Манчестер јунајтед на дуелот против Њукасл постави еден неславен рекорд, откако за првпат во историјата прими два гола на „Олд Трафорд“ во првите 10 минути. И покрај таа негатива од 0-2, на крајот „црвените ѓаволи“ се радуваа на победата.
Пресвртот на најтрофејниот англиски клуб се случи во второто полувреме, односно во последните 20 минути. Откако во првиот дел Манчестер делуваше немоќно, во второто полувреме домаќините одиграа сосема поинаку, и тоа на крајот се исплатеше со победа од 3-2.
Иако многумина веруваат дека тренерот Жозе Мурињо успеал да ја погоди тактиката за пресврт, сепак, англискиот таблоид „Сан“ пренесува нешто сосема друго. Според пишувањата, Пол Погба бил тој кој ја презел работата во свои раце. Откако Мурињо на полувремето во соблекувалната ги кажал своите совети, на сцена стапил Погба.
Најскапиот играч во историјата на Манчестер самиот побарал да игра малку подефанзивно и да биде организатор на нападите. Тоа дефинитивно вроди со плод, но иако првично се велеше дека тоа е тактика на Мурињо, сепак, Погба самиот се одлучил на овој потег.
Ако навистина се случило тоа во соблекувалната на Манчестер, Погба всушност тргнал по стапките на Лионел Меси. На Светското првенство во Русија, аргентинскиот виртуоз реши да биде и креатор на тактиката на теренот на дуелот против Нигерија. „Гаучосите“ го добија тој меч, но веднаш потоа беа елиминирани од Франција.

Најнови вести