Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Погба моли да се врати во Јувентус

Французинот едноставно го нема истиот ефект во Манчестер јунајтед

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, сака да си замине од „Олд Трафорд“ и да се врати во Јувентус. Според англиските медиуми, Погба јавно посакал да биде продаден и тоа во ниту еден друг тим, туку само во италијанскиот првак. 
Погба како тинејџер играше за Манчестер, но потоа беше продаден во Јувентус. Во дресот на „старата дама“ беше во периодот од 2012 до 2016 година, кога и созреа како играч и го покажа целиот свој талент. Во Јувентус беше еден од носителите на играта. 
Во 2016 година за сума поголема од 100 милиони евра повторно се врати во Манчестер Јунајтед, но неговата форма нагло падна. Сезонава се шпекулираше дека има недоразбирања со тренерот Жозе Мурињо, но португалскиот стратег ги демантираше тие тврдења. 
Францускиот репрезентативец сезонава даде два гола, но вчера промаши пенал на дуелот против Барнли. За среќа, тоа негово промашување не беше кобно за Манчестер, бидејќи „црвените ѓаволи“ славеа со 2:0. 

 

Најнови вести