Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Сари: Во Челзи ќе престанам да пушам

Во Англија не смее да се пуши на стадион, Италијанецот има проблем

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека за време на неговиот престој на „Стемфорд бриџ“ во Лондон има големи шанси да направи една голема промена во животот, а тоа е да престане да пуши цигари. 
Италијанецот е познат како страстен пушач, но законите во Велика Британија забрануваат пушење на јавна места, меѓу кои и стадионите, иако се на отворен простор. Сега ќе треба да се снаоѓа со џвакање на гума или нешто друго наместо цигара. 
Додека го водеше Наполи, Сари често знаеше да запали цигара за време на натпревар, но во Англија тоа нема да биде можно. Во саботата, Сари имаше нервозен меч против Арсенал, кој на крајот неговиот тим го доби со 3-2. 
„Имаше период од првиот дел кога бевме очајни, се загубивме на теренот, и мене повеќе ми требаше полувреме отколку цигара. Веројатно ќе престанам да пушам една до две години, а потоа повторно ќе продолжам“, рече 59-годишниот зависник од никотин.

Најнови вести