Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Реал со нов атак кон Азар – Понуда од 200 милиони фунти за најдобриот играч на Челзи

„Кралевите“ не прифаќаат „НЕ“ за одговор, со сите сили тргнуваат по потписот на Белгиецот

Само неколку дена откако Тибо Куртоа го напушти Лондон и се пресели во редовите на Реал Мадрид, управата на шпанскиот гигант повторно ќе се обиде да го ангажира и вториот Белгиец на „сините“, Еден Азар. Англиските медиуми велат дека Реал подготвува нова понуда за офанзивецот на Челзи, вредна 200 милиони фунти. Европскиот првак се надева дека сумата е доволна за Челзи да попушти и да му дозволи на Азар да се пресели во Шпанија.

Белгиецот во меѓувреме размислува дали да го продолжи договорот со клубот за кој настапуваше во изминативе шест години, раководството му нуди 300,000 фунти неделна плата, договор со кој би бил најплатениот фудбалер на „сините“. Воедно, Челзи во најмала рака не сака да остане ез својот најдобар поединец, особено по завршувањето на трансфер периодот во Премиерлигата, бидејќи така не можат да доведат негова замена.

Не е тајна дека Азар долго време сонува да игра на „Сантијаго Бернабеу“, но плановите се изменија откако Зинедин Зидан го напушти кормилото на Реал. Белгиецот имаше голема желба да игра под водство на Зизу, земајќи во предвид дека му е идол, а сега работите доста се променија, па тој прекин на соработка може да ги остави „кралевите“ без нов „галактико“.

 

Најнови вести