Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Виктор Мозес на 27 години ја заврши репрезентативната кариера

Крилниот нигериски бек се фокусира на Челзи

Фудбалерот на Челзи, Виктор Мозес, реши да ја заврши репрезентативната кариера само на 27 години. Сега веќе ексрепрезентативецот на Нигерија одлучи да се посвети на семејството, клупската кариера, а воедно сака да остави простор на помладите да се истакнат, иако тој е далеку од ветеранските години.

„Едни од најубавите моменти во мојата кариера ги поминав носејќи го дресот на Нигерија. Собрав спомени кои ќе ги паметам цел живот. Иако е малку чудно, чувствувам дека сега е вистински момент да се повлечам од репрезентацијата. Ќе се концентрирам на клупската кариера, а воедно ќе посветам повеќе внимание на моето семејство. Исто така, сметам дека е време помладите да добијат шанса да ја направат својата земја горда“, истакна Мозес.

Мозес одигра 37 натпревари за нигерирската селкеција, а може да се пофали со освоениот трофеј во Африканскиот куп.


 

Најнови вести