Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Ви треба фудбалер на заем, бујрум во Челзи

Англискиот премиерлигаш Челзи е рекордер според бројот на фудбалери што ги има испратено на позајмица во други клубови, а бројката е неверојатна

Дури 31 фудбалер, или речиси три комплетни тима, има испратено англискиот клуб Челзи на позајмица во други клубови. Тоа, сепак, не е рекорд во светот на фудбалот, а ги има насекаде - од нисколигашот Јеовил во Англија, па во шпанска Леида, до Тенерифе. И трендот што го практикува Челзи продолжува со несмален интензитет, а рекордот е од лани, кога клубот од Лондон имаше дури 33-ца свои фудбалери кои настапуваа за други клубови во Европа како позајмени играчи.

 

Најнови вести