Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Кариерата му беше во опасност, а сега е играч на месецот во Англија

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед одигра одлично во август

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шоу покажува дека е во одлична форма добивајќи ја првата награда во Премиер лигата за оваа сезона. Тој е прогласен за најдобар играч во лигата за август. 
Шоу е еден од оние играчи кои имаат докажано дека никогаш не треба да се предадете дури и кога имате сериозна повреда. Во 2015 година, на дуелот против ПСВ Ајндховен, Шоу заработи тешка скршеница на ногата. Во еден момент тој помислил дека тоа може да е и крај на неговата кариера. Сепак не се откажа и сега три години подоцна повторно е на врвот во Премиер лигата. 
„Бев многу блиску до тоа да останам дури и без нога, но докторот тоа ми го призна дури по шест месеци откако ми се случи повредата. Сум се спасил благодарение на тоа што не ме качиле веднаш на авионот да се вратам во Манчестер. Имаше моменти кога мислев дека треба да ја завршам кариерата, но семејството и пријателите многу ми помогнаа. Сега се чувствувам многу подобро. Повторно играм на врвно ниво. Сакам да продолжам така и да освојувам трофеи. Тоа е мојата мотивација. Сакам да бидам еден од најдобрите бекови во светот“, рече Шоу по добивањето на наградата за најдобар играч во Премиер лигата за август. 

Најнови вести