Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Ѕвезда од Премиер лигата дрогирал и силувал девојка!?

Француски модел вели дека страшната случка била во Лондон

Англискиот весник „Дејли Стар“ открива вознемирувачка приказна поврзана со Премиер лигата. Според пишувањата, еден фудбалер од Премиер лигата најпрво дрогирал, па силувал девојка во Лондон. 
Се верува дека се работи за играч кој дури настапил и на Светското првенство во Русија. Лондонската полиција го истражува целиот случај, кој го пријавил девојка од Франција која работела како модел во главниот град на Англија. 
Во полициската изјава таа тврди дека се напила неколку чаши шампањ и вотка, а потоа започнало да и се лоши. На крајот од вечерта завршила во изнајмен апартман на фудбалерот и негов пријател. Кога се разбудила, сфатила дека била дрогирана, а потоа и силувана. Веднаш пријавила во полиција, но во Париз, каде решила да прави и тестови, за да докаже дека ја зборува вистината. 
Засега не се открива за кој фудбалер се работи, но ако е за играч кој бил дел од Мундијалот во Русија, јасно е дека е за една од ѕвездите на Премиер лигата. 

 

Најнови вести