Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Три кола, три дерби мечеви за Арсенал

Порази од Сити и Челзи во првите два меча, „топчиите“ денес повторно играат дерби во Премиер лигата

Арсенал денес на свое тло го пречекува Вест хем, градскиот ривал. „Топчиите“ ќе го играат третиот дерби натпревар во првите три кола во англискиот шампионат. Откако фудбалерите на Унаи Емери претрпеа порази од Сити и Челзи, денес ги очекува прилично тешка задача, иако противникот не е на исто ниво како последните две шампионски екипи на Англија.

Статистиката и меѓусебните дуели се во корист на Арсенал. Вест хем не знае за триумф против „топчиите“ од 2015 година, кога на „Емирати“ славеа со 0-2 со головите на Кујате и Зарате. Од тој меч, Арсенал победил на три пресметки во Премиер лигата, додека две завршиле без победник. Вест хем пак, има и тајно оружје против денешниот домаќин, ексфудбалерот Џек Вилшир има голема мотивација да забележи триумф со новата екипа токму на стадионот на кој растеше и се градеше како фудбалер.

Арсенал денес мора да победи, за конечно да тргнат работите на подобро, во спротивно, ќе продолжи лошиот почеток на новиот предводник Емери.

Според нашата понуда, Арсенал е фаворит пред домашната публика со квота од 1.40, за евентуална победа на Вест хем квотата е 7.20, додека за реми е 5.


 

Најнови вести