Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Доминик доминира во Премиер лигата – Калверт-Левин е најбрз играч во Англија

Фудбалерот на Евертон, Доминик Калверт-Левин е најбрз во Премиер лигата, а изненадувачки во топ 20 ги нема Мо Салах, Садио Мане, Еден Азар...

Доминик Калверт-Левин доминира во Премиер лигата со својата брзина и досега на стартот од новото издание на најквалитетното фудбалско натпреварување на Островот има најбрз спринт. Играчот на Евертон „разви“ брзина од речиси 35 километри на час на мечот со Саутемптон и тој засега е најбрз. Зад него е бекот на Манчестер сити, Кајл Вокер со некоја стотинка помала брзина од Доминик. За Арон Ленон се знаеше дека игра исклучително брзо, па крилото на Барнли тоа го покажа со моќен трк против Саутемптон. Измерена му е  брзина од 34,826 километри на час. Во топ 5 се и Рајан Фредерикс од Вест хем и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал. Изненадувачки во топ 20 ги нема Салах, Мане, Азар... кои важат за исклучитечно продорни и брзи играчи.
Премиер лигата е на самиот почеток, измени сигурно ќе има, а засега Доминик од Евертон доминира со брзината во англискиот шампионат.

 

Најнови вести