Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

ВАР–системот влегува во Премиер лигата

Англиската фудбалска федерација ќе ја тестира видеотехнологија за асистирање при судиски одлуки на пет натпревари во Премиер лигата по завршувањето на репрезентативната пауза

Премиер лигата ќе прави тестирања на ВАР–системот на следните натпревари. На петте меча кои ќе се одиграат во сабота, на 15-ти септември, во 16 часот, видеотехнологијата за прв пат ќе помага во најсилното англиско првенство.

Сепак, иако ќе постои механизмот ВАР на терените, судијата нема да може да го користи бидејќи нема да постои контакт помеѓу него и арбитражниот тим кој ќе биде во ВАР-собата. Целта е да се провери дали видеотимот може истовремено да следи повеќе натпревари и притоа исправно да ја заврши задачата. 

Премиер лигата е една од последните лиги во Европа која сè уште го нема воведено ВАР–системот во редовно користење. Во Англија овој систем се користеше мината сезона, на мечот Тотенхем – Рочдејл во рамките од ФА купот, како и во неколку натпревари од Карабао купот.

Најнови вести