Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Тотенхем ќе го трезни Лорис со одземање на капитенската лента

Хуго Лорис ќе биде казнет и од својот клуб Тотенхем, а според најавите во британските медиуми нема да биде капитен на тимот во следниот период

Голманот на Тотенхем, Уго Лорис ќе ја загуби капитенската лента во Тотенхем, по бизарниот инцидент во Лондон, вчера, кога беше уапсен и проведе 7 часа во полициска станица, претходно одбивајќи тест за алкохол. Полицијата сепак му направила алко-тест, по кој се утврдила прекумерна количина на алкохол кај Лорис.
Францускиот репрезентативец веројатно ќе остане член на стартните 11 на Тотенхем и нема да го загуби статусот во првиот состав, но нема да биде капитен. Лорис ќе брани за својот тим на дербито со Манчестер јунајтед во понеделник.
Лорис ќе мора да се појави  на суд, откако беше пуштен од полициската станица со кауција.

 

Најнови вести