Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Убедливо за почеток, Челзи го декласира Хадерсфилд и најави шампионски амбиции

Фудбалерите на Челзи лесно го надиграа и победија домашниот Хадерсфилд со 3:0 во првиот меч за двете екипи во новата сезона во Премиерлигата

Челзи стартуваше одлично во новото издание на англискиот шампионат и со победа од 3:0 најави шампионски амбиции. Во период од само 11 минути во првото полувреме беа разрешени сите дилеми околу победникот. Најпрво Канте во 34. минута погоди за гостите, а во самиот финиш на првиот дел Жоргињо со прв гол во дебито за Челзи зголеми на 2:0. Новото засилување на тимот од „Стемфорд Бриџ“ беше прецизен од пенал. Во вториот дел Педро со гол ги постави конечните 3:0 за поранешниот англиски првак.
Борнмут и Ватфорд исто така имаа одличен старт на сезоната со победи од 2:0 против Кардиф, односно Брајтон, а Кристал Палас како гостин со идентичен резултат го доби лондонското дерби против Фулам.

 

Најнови вести