Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Реал и Атлетико во трка за потписот на Алонсо, Челзи ја одреди цената

Мадридските клубови во една поинаква „војна“

Трансфер-периодот во Шпанија завршува кон крајот на овој месец, а Реал и Атлетико притискаат да остварат уште еден ангажман за ова лето.

Цел на градските ривали е Маркос Алонсо, левиот бек на Челзи. Клубот од Лондон нема намера да се ослободи од услугите на нивниот првотимец, со оглед на тоа дека во моментов не можат да доведат замена, па затоа раководството одреди нереална цена доколку некој сака да го купи, а се работи за сума од 60 милиони евра.

Лопетеги го посакува Шпанецот во своите редови, тоа, најверојатно, значи дека Марсело би можело да направи трансфер во последните денови од преодниот рок. Атлетико, пак, е на прагот да остане без Филипе Луис, од кого ќе заработат 30 милиони евра доколку се реализира ангажманот во ПСЖ.

Сепак, тренерот на „сините“, Маурисио Сари, смета дека Алонсо ќе биде клучен играч во неговата екипа за оваа сезона. Алонсо беше клучен и во тактиката на Конте, а минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во тимот.

Откако пристигна од Фиорентина во 2016 година, Алонсо досега настапил на 84 натппревари за Челзи, притоа постигнувајќи 15 гола и 9 асистенции.

Најнови вести