Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Абрамович би го продал Челзи за 16 пати повеќе од купувањето

Рускиот милијардер е лут за санкциите на Британија кон Русија и што не му е продолжена визата за работа на островот

Роман Абрамович би можел да го стави на продажба неговиот фудбалски клуб Челзи од Лондон. Според шпекулациите, Абрамович ангажирал њујоршка банка да ја процени вредноста на клубот, и проценката била дека „сините“ вредат 2,2 милијарди евра.

Прашањето е само дали се бара 100 отсто нов газда, или ќе се продава само делот на Русинот, кој во 2003 година го купи клубот за 140 милиони фунти (летово Абрамовиќ речиси исто толку пари плати за засилувањата Кепа Аризабалага и Жоржињо). 

Челзи во последните години се бори за свое место меѓу најдобрите тимови во Премиерлигата, преклани беа и шампиони, но во две од последните три сезони, лондонскиот клуб не учествуваше во Лигата на шампионите. 

Абрамович тешко излегува на крај со пребогатиот Манчестер сити, се мачи да го задржи Еден Азар, а после санкциите на Велика Британија кон Русија во мај, Роман се откажа од проширување на стадионот „Стемфорд Бриџ“.

За 15 години откако Русинот е на чело, Челзи освои 15 трофеи, од кои шест се во Премиерлигата, а во 2012 година станаа првиот лондонски клуб кој ја освоил Лигата на шампионите. 

 

Најнови вести