Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Преодниот рок за фудбалери во Англија заврши, сега почнува трката за спортски директори

Челзи и Манчестер јунајтед се во потрага по спортски директори, функција која е мошне важна во светот на фудбалот, а интересно е што и двата клуба се заинтересирани за неколку исти луѓе, па трката ќе биде интересна

Раководството на Челзи сака да ја растовари извршната директорка Марина Грановскаја, па бара познато лице кое би ја презело функцијата спортски директор. По заминувањето на Мајкл Еманело, Грановскаја беше задолжена за трансфери на играчи, но тоа за Челзи не е долгорочно решение. Сега клубот од „Стемфорд бриџ“ во своите редови го сака Ден Енсфорт, или познатиот Мончи од Рома, а во игра се и Михаел Балак и Жулијано Белети. Трансфер-пазарот во Англија за ова лето е затворен, преодниот рок за фудбалери заврши, но сега актуелни се спортските директори. Особено што и Манчестер јунајтед бара човек на таа позиција, а, како и Челзи, ги „пикира“ Енсфорт и Мончи. Кандидати кај „црвените ѓаволи“ се и Едвин ван дер Сар и поранешниот спортски директор на Тотенхем, Пол Мичел, кој сега ја извршува функцијата во Бундеслигашот Лајпциг. 

Најнови вести