Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Азар добива неверојатен договор од Челзи

Белгискиот репрезентативец реши да остане на „Стемфорд бриџ“

Реал Мадрид, најверојатно, повторно ќе остане со празни раце кога се работи за доаѓање на Еден Азар на „Сантијаго Бернабеу“. Според најавите од Англија, белгискиот репрезентативец ќе добие нов договор со лондонскиот тим, кој ќе го обврзе да остане на „Стемфорд бриџ“ до 2023 година. 
Челзи ги одби сите можни понуди од Реал, а Азар воопшто не размисли да си оди од клубот. Тој дури и изјави дека е среќен во Челзи и не размислува за ниту еден друг клуб. Токму поради тоа, ѕвездата ќе биде наградена со многу подобар договор од актуелниот. Се најавува дека новиот договор на Азар ќе му носи 300.000 фунти неделна плата. 
Азар дојде во Челзи во 2012 година од тимот на Лил. Сега ја игра седмата сезона, а досега во 302 средби во сите натпреварувања има дадено 89 погодоци за лондонскиот клуб. 
По неуспехот да го доведе Азар, Реал уште е во потрага по ѕвезда која би требало да ја пополни празнината која се појави по заминувањето на Кристијано Роналдо. 

 

Најнови вести