Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Меч на денот – Фудбалска битка за Лондон во режија на Челзи и Арсенал

Челзи е фаворит против Арсенал во денешното дерби на денот во наш избор. Битката за Лондон ќе се бие на „Стемфорд Бриџ“, стадион што во последно време е непробојна тврдина за „топчиите“

Челзи имаше одличен старт на сезоната со убедлива победа против Хадерсфилд од 3:0 на гостински терен, а и денеска е фаворит против Арсенал. Екипа која разочара со играта на премиерниот меч сезонава во Премиерлигата против шампионот Манчестер сити. Поразот од 0:2 и лошата игра ги разочара навивачите на популарните „топчии“, но во дерби натпреварите сигурен победник нема.
Арсенал ќе игра против традицијата, која вели дека Челзи е неприкосновен во меѓусебните дуели на свиј терен, со пет победи и едно реми на послендите шест дуели. Лани, Арсенал успеа да ја прекине серијата од пет порази по ред на „Стемфорд Бриџ“ со реми без голови. Гостите имаат квалитет, што не го презентираа во првото коло против Манчестер сити, па сега се очекува да го поправат впечатокот. Арсенал ќе се обиде да го избегне најлошиот старт во Премиерлигата од сезоната 1992/93 кога ги загуби двата стартни дуели против Норич и Блекбурн. Оттогаш минаа 26 години и никогаш повеќе Арсенал не почнал сезона со два врзани порази.
Иако имаат опасен напад со екстра ѕвезди од рангот на Обамејанг и Лаказет, офанзивата на „топчиите“ беше без муниција против Манчестер сити. И, гостите немаат постигнато гол на четири од последните пет гостувања кај Челзи.
Но, традицијата постои за да се урне, иако денеска од 18,30 часот Челзи е фаворит за победа.
Во нашата понуда триумф на Челзи во „Бонус тип“ се цени со коефициент 2, ремито е 3,70, а успех на Арсенал ви носи коефициент од 4,05.

 

Најнови вести